Од средината на април, преку интегрален компјутерски систем ќе се закажуваат прегледите на матичен лекар, односно интервенции кај специјалистите, најавува Министерот за здравство, Никола Тодоров.

Како што појаснува ресорниот министер, оваа новост ќе значи олеснување за пацинетите и лекарите,  бидејќи овозможува електронско закажување на неопходните прегледи од примарното до терцијалното ниво на здравствена заштита.

Идеата е преку овој проект да создадеме сеопфатен систем, кој ќе ги содржи сите здравствени податоци.“  – вели Тодоров.

Според министерот, електронскиот систем нема да им дозволи на лекарите да создаваат вештачки листи на чекање, а сите оние кои нема да го почитуваат ќе следат строги санкции и ригорозни казни.

Инаку, системот е еден од ретките во поширокиот регион, кој е вовеведен во здравството.

OhridNews