Фудбалерот со дефанзивни задачи Љупче Трпески е прво засилување за Фудбалскиот клуб Лабуништа во летниот преоден рок.

Охриѓанецот во редовите на Лабуништа се сели од Кораб, каде ја помина мината сезона. Трпески претходно ги бранеше боите на Струга Трим Лум.

  •  Трпески официјално е прво засилување за екипата на Лабуништа а во текот на наредните денови ќе доведеме уште некој фудбалер. Со дел од играчите кои минатата сезона ги бранеа боите на клубот е разговарано и ќе се продолжи соработката а со дел се уште сме во преговори. – изјави диреторката на клубот, Ивана Лескароска.

Лабуништа минатата сезона финишираше на втората позиција на табелата во Втората лига и беше дел од баражот за влез во фудбалската елита. Неприминлива пречка за Лабуниша беше тимот на Тиквеш, кој подоцна изгуби од Силекс во финалната битка за пласман во Првата МФЛ.

OhridNews