Денес, на жиро сметката за донации на Кирил, беа уплатени над 120.000 денари собрани на синоќа одржаниот концерт, кога од купени влезници беа собрани 62.000 денари, а остатокот од сумата беше собрана од донации на граѓани на низата помали хуманитарни настани кои се одржаа деновиве.

Во акцијата за помош на Кирил се вклучија голем број граѓани, јавни институции, угостителски објекти, а се вклучи и охридскиот Народен театар, чии актери ќе изиграат две претстави, а средствата од продадените влезници ќе бидат донирани за Кирил.

OhridNews

Охриѓани се обединија за спас на малиот Кирил