Управата на Охрид, од која играчите побараа час поскоро да го напушти клубот, и не е појавена пред играчите повеќе од месец дена, го токми поранешниот стратег на “белите“, Зоран Ѓорески – Џајо за нов тренер. Како што објави веб порталот екипа.мк , Ѓорески бил пријавен во ФФМ како нов тренер.
Дали ќе ја добие подршката од фудбалерите – Ѓорески во средината
– Точно е дека имав преговори, и реков дека ќа ја превземам екипата, но кога обрвските према сите фудбалери и ќе бидат исчистени – рече за ohridnews Ѓорески.
Ѓорески го одведе Охрид во Првата лига, и веднаш по завршувањето на сезоната даде оставка. – Заминувам. Различните погледи и визија за развојот на клубот со Управата ме натераа на ваков потег. На ФК Охрид и на играчите им посакувам се најдобро во нивните понатамошни кариери, им благодарам за што направија за мене и за клубот во оваа година, за да функционираат работите онака како што треба потребен е голем рез и реорганизација. Јас немам сили, а ни желба повторно да минувам низ оваа голгота – рече тогаш Ѓорески.
Во меѓувреме очигледно визиите на Ѓорески и актуелната Управа се приближија штом тој би прифатил да го води Охрид 2004 во продолжението на првенството.
Во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид финансирана од Општина Охрид во ООУ Братство Единство Охрид беше организиран XI Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2026 младинци, за...
Навивачката група „Рибари“ вечерва го посети тренингот на ГРК Охрид во СРЦ „Билјанини извори“, испраќајќи силна поддршка до ракометарите пред утрешното дерби со Алкалоид Охрид и Алкалоид ќе се срет...
Изминатиот викенд во Струга се одржа возбудлива едриличарска регата на која силите ги одмерија младите спортисти од ЗСЕ „Акватика Јахтинг“ – Охрид и домашниот клуб ЕК „Снегар“ – Струга Акваториумот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.