
-Одлучивме со мнозинство гласови 3 за, 1 против и 1 воздржан дека одлуката на ОИК не може да се поништи, бидејќи таа беше потврдена претходно.– изјави Џингис Хани – претседател на ОИК Струга.
Подносителот на кандидатската листа ја обжалил одлуката на ОИК Струга до Управниот суд во Скопје, кој по истата треба да се изјасни во рок од 6 часа. Од СДСМ очекуваат судот да ја потврди одлуката на ДИК, за која според нив, ОИК не смеела да расправа.
-ОИК на некој начин излезе надвор од своите ингеренции. Одлуката за нив имаше облигаторен карактер. Моментот кога се расправаше за тоа беше чуден во најмала рака затоа што едноставно не смееа да го постават тоа како прашање, не па да гласаат.- истакна Владимир Стојкоски – претставник на СДСМ во ОИК Струга.
Се очекува одлуката по однос на новонастанатата политичка ситуација во Струга, Управниот суд да ја донесена најдоцна до 18 часот.











