Управител го злоупотребил Законот за вработување на лица со инвалидитет
30.06.11 00:03
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишна сопственичка и управител на занаетчиско друштво за производство, трговија и услуги од Охрид, за сторено две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Како што информира МВР во текот на 2008 година, пријавената во постапка за доделување на неповратни средства по основ на вработување на инвалидни лица во фирмата, доставила профактури за набавка на нови машини за шиење, преса и возило за превоз на патници, за што согласно Законот за вработување на инвалидни лица, 80% од износот и биле исплатени од посебниот фонд на Агенцијата за вработување, додека останатите 20% од износот, пријавената требала сама да ги плати. По ова, истата наместо да ги набави наведените машини, без одобрение од Агенцијата за вработување и без да вложи свои средстава набавила половни машини за шиење, преса и возило за превоз, како и клима уред кој не бил предвиден во барањето за добивање на средствата. Исто така, во март 2011 година, донела одлука со датум од јануари 2011 година за намалување на платата на седум вработени, инвалидни лица, за наводно неквалитетно и ненавремена изработена испорака на стока, а на пет лица им изрекла престанок на работниот однос. На овој начин, пријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 433.282 денари денари, соопшти МВР.
Под мотото „Чисто е убаво – Селектирај“, Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ со поддршка од Шведска преку SALAR International и проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ ја започн...
Ќе има компании кои што ќе се отвораат и ќе има компаниии кои што ќе се затвораат и домашни и странски и тоа не треба да се сфаќа како крај на светот Ние како Влада се обидуваме и успешни сме во то...
Нов инвестициски циклус во компанијата „Костал“ во 2026 година од над 30 милиони евра и отворање на нови 200 работни места, беше најавен денес на средбата на премиерот Христијан Мицкоски со извршни...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.