Управниот суд ја отфрли како недозволена тужбата поднесена од СДСМ со која се бараше поништување на одлуката на Собранието за верификација на мандатите. Судот се прогласи за ненадлежен за постапување. Во образложението на одлуката наведено е дека согласно член 63, став 1 од Уставот на македонија, пратениците легитимитетот го црпат од граѓаните кои на општи, непосредни избори, со тајно гласање, ги избираат своите претставници во Собранието. Пред Управниот суд не може да се поведе управен спор за работи за кои врз основа на уставните овластувања дирекно одлучува Собранието.
Управниот суд смета дека тој е надлежен да постапува само во случаи кога Собранието донесува акти за именување и разрешување на носители на јавни функции и на државни службеници кои се на раководни функции, доколку поинаку не е определено со закон.
Од СДСМ не се изненадени од одлуката на Управниот суд. Ова е доказ за партизираноста на судството и неговото дејствување како продолжена рака на власта, велат од партијата. Остануваат на ставот да не ги прифатат мандатите а изјавите дадени на нотар ги сметаат како неспорни и дозволени.
Набавена нова медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница Охрид со која значително се унапредува квалитетот на здравствената услуга и безбедноста на пациентите Oд Болницата информираат дека набавени се ...
ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид во недела го организираат pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“ кој има за цел на интересен и интерактивен начин, преку едукативни игри, активнос...
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со членовите на интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции на денешната прес конференција во Влада ги соопшти првичните наоди од анали...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.