Денеска во Скопје, Управниот суд ги поништи решенијата на Општинските изборни комисии во Струга и Кичево, со кои беа отфрлени заедничките кандидатски листи за советници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, спротивно на одлуката на ДИК.

„Официјално добивме одговор од Управниот суд во наша корист така што дефинитивно ќе учествуваме на локалните избори со заедничка советничка листа со ВМРО-ДПМНЕ.“ – изјави Ќушкоски.
Во образложението на Управниот суд за тужбата поднесена од подносителот на листата за Кичево, се наведува дека ОИК Кичево го донела оспореното решение спротивно на законските одредби. Не било земено предвид дека ВМРО-ДПМНЕ ја повлекла советничката листа за Кичево и оти Државната изборна комисија на вчерашната седница го поништила решението на ОИК од 18 февруари за потврдување на оваа листа.
OhridNews











