Ова го изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски за време на вчерашниот состанок со работната група, на која се расправаше за законот за градежно земјиште. На состанокот покарај претставници на Министерството за транспорт и врски, присуствуваа и претставници на ЗЕЛС, УСАИД и градоначалници од повеќе општини.
-Во новиот Закон целосно ќе биде опфатена постапката, начинот на давање на земјиштето под закуп или неговото отуѓување. Исто така при изготвувањето на Законот ќе се внимава да се опфати и обуката на општинските службеници кои ќе менаџираат со земјиштето, односно тестовите кои треба да ги поминат за да стекнат лиценца за извршување на оваа дејност, како и роковите и начинот на кој ќе биде објавено земјиштето во печатените медиуми– објасни министерот Јанакиевски.
Тој нагласи дека при имплементирањето на новиот закон општините ќе ја имаат целосната подршка од страна на Владата и Министерството за транспорт и врски.
Извор: “Макфакс”