Упростено продолжување на договорот за работници на определено време
10.09.12 07:00
Процедурата за продолжување на договор за работници на определено време упростена е, односно работодавачот нема да има потреба при се кое продолжување на договорот да поднесува одјава и пријава, пренесува Макфакс“.
Агенцијата за вработување на, Фондот за здравствено осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување соопштија дека на барање на бизнис заедницата ја ревидирале и усогласиле процедурата за пријавување и одјавување на работници во фирми на кои договорите за работа на определено време им се продолжуваат без притоа да има прекин во работниот однос, во насока да не се врши одјава и пријава во работен однос со нов датум.
Со измените се напушти праксата да овие вработени се одјавуваат, па потоа повторно се пријавуваат во ист ден, во случаи кога се работи само за продолжување на нивната работа на определено време, и тоа на истото работно место и во истата фирма.
Во случај да работодавачот сака неговиот работен однос да го продолжи без прекин, тоа може да го направи со склучување на нов договор за вработување или анекс на постојниот договор.
Прв пат поднесената пријава во задолжително социјално осигурување важи се’ додека трае работниот однос, односно работодавачот не треба да поднесува одјава/пријава при секое продолжување на договорот за вработување на определено време, онаму каде што нема ниту еден ден прекин на осигурувањето, стои во соопштението.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Утре прекин во водоснабдувањето кај корисниците од населбата Црногорци, сЛескоец и сЛакочереј, најавуваат од ЈП Водовод Охрид Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.