
Ваквата можност ќе преизвика хаос предупредија дел од пратениците. Против се изјаснија и неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Струга од редовите на ДУИ Рамиз Мерко. Според него во општините ќе настане хаос доколку се дозволи за урбанистичките планови да одлучува малцинството.
И покрај забелешките, новиот закон доби поддршка од пратениците во прво читање. Тој предвидува урбанистичките планови да се носат во електронска форма во една фаза од 1 март следната година. Исто така се скратува постапката за оценка на влијание врз животната средина од 15 на 8 дена.
OhridNews












