Акцијашите од здружението „Брег на младоста“, поддржани од охридските јавни претпријатија спроведоа активности за расчистување, уредување и разубавување на дворниот простор од ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец.
Впечатливите и функционални реквизити се допадливи како за наставниот кадар и учениците така и за минувачите. По акцијата, дворот на училиштето „Ванчо Николески“ е еден од најубаво уредените.















