Уредени се локациите каде ќе се одржуваат програмските активности за одбележување на јубилејот 130 години од смртта на Григор Прличев, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Оперативните служби спроведоа вонредни активности за чистење, метење и хортикултурно уредување на локации каде ќе се одбележува јубилејот, велат од претпријатието.

Додаваат дека интервенирано е кај спомен-куќата на Прличев, гробот во близина на црквата Св. Богородица-Перивлепта, бистата пред НУ Библиотека „Григор Прличев”.

OhridNews