Охриѓани денес гласаат за нов татко на градот. Уште од раните утрински часови, голем број граѓани се упатија кон гласачките места за да го остварат своето граѓанско право и го дадат својот глас за кандидатот кој сметаат дека треба да го води градот во наредните две години.

Очекувањата се различни, но сите се едногласни дека изборите треба да поминат мирно и во демократска атмосфера.

  • Очекуваме да биде мирно, во добар амбиент, нека победи најзаслужниот кој ветува дека ќе направи повеќе. Како економист, сакам економијата да биде број еден, а потоа другите работи. Градот да има средени улици, нови градинки, да се реновираат училиштата.
  • Да се отвораат нови работни места, да ги задржиме младите во градот, да не заминуваат во странство
  • Новиот градоначалник да се грижи за заштита на езерото, на оваа природна убавина, не ни требаат повеќе згради, да се чува она што е вредно
  • Да се асфалтирани улиците, да се среди проблемот со колекторот што побрзо, повеќе уредени катчиња за децата, да не се гради кај што ќе се стигне, да се задржи имиџот на градот, порачуваат дел од граѓаните.

Во општина Охрид се гласа на 88 избирачки места. Граѓаните избираат помеѓу тројца кандидати за претседател на државата и пет кандидати за градоначалник на општината.

OhridNews