Екипите на охридското јавно претрпијатие „Комуналец“ продолжија да реализираат голем број активности за уредување на градот пред почетокот на туристичката сезона.
Во близина на Холандскиот парк, со специјална рачна механизација се косеа тревниците, а беа уредени зелените површини и парковите во овој дел на градот.
Инаку, во текот на изминатата седмица, се изврши санација и замена на оштетените корпи за ситен отпад во градскиот парк, се расчистија граничниците покрај коловозите и одливните шахти од обрасната трева и песок на “Булевар Туристичка”, а беа уредени и неколку локации во стариот дел на градот.
О.Т.