Екипите на „Паркови и зеленило“  при Ј.П. „Охридски Комуналец“ во текот на изминатите неколку дена спровеле низа активности за уредување и  расчистување на јавните површини во селата Коњско и Трпејца.

Во рамки на активностите се отстранувале зараснатите тревни површини кои ја намалуваат прегледноста на улиците и пешачките зони.

Од претпријатието велат дека вакви слични активноти ќе бидат преземени и на други локации на подрачјето на општината.

OhridNews