Руската тенисерка Марија Шарапова поради повреда се повлече од американскиот грендслем турнир. Шарапова од месец јули мака мачи со десната нога која ја повреди на Вимболдон.


– Јас и мојот лекарски тим направивме се да се опоравам пред почетокот на УС Опен, но без успешно. Сакам да им се заблагодарам на фановите за поддршката и им ветувам дека брзо ќе се вратам на терените. – изјави Шарапова.

Убавата руска тенисерка втор пат во три години отсуства од УС Опен каде што во 2006 година го освои големиот трофеј победувајќи ја во финалето Жастин Анин.

Ohridnews