Најтрофејната тенисерка Серена Вилијамс и тинејџерската сензација Бјанка Ванеса Андрееску ќе играат во финалето во женска конкуренција на американскиот грем слен турнир „УС Опен“.
Вилијамс, на домашен терен финале обезбеди после победата над Елина Свитолина. Американката славеше со 2-0 во сетови (6-3, 6-1). Андрееску со идентични 2-0 победи против Белинда Бенчиќ во полуфиналето но после голема борба и еден тај брејк. Канаѓанката првиот сет го доби со 7-6 а вториот со 7-5 за прво финале на големите турнири.
Вилијамс на УС Опен има шест титули а Андрееску ќе ја брка првата титула во дебито на американскиот грен слем турнир.
OhridNews