„Поддршка на систем за кариерен и професионален развој на наставници“ е насловен проектот за кој USAID ќе отвори јавен повик наскоро.

Со овој проект Мисијата на USAID има намера да и помогне на Владата на Република Македонија во зајакнувањето на националниот систем за кариерно напредување и професионално усовршување на наставниците. Целите на Проектот се воспоставување на сeопфатна законска рамка,  изготвување на финасиска анализа за буџетски импликации и развивање на стандарди за компетенции на наставниците.

Буџетот на проектот ќе изнесува од 850.000 и 950. 000  долари и ќе се реализира во период од 30 месеци, почнувајќи од октомври 2012 год.

OhridNews