Имајќи го предвид значењето на креативните и автентични занаети кои се специфични за Охрид од една страна, како и одличната соработка на Општина Охрид со занаетчиите од Охрид во организација на бројни Манифестации и настани, ова ќе претставува уште една можност за продлабочување на меѓусебната соработка и уште поквалитетна промоција на Охрид во земјата и странство преку производите на охридските занаетчии, информираат од Локалната самоуправа.
Со овој Проект охридските занаетчии ќе можат преку обуки за подготвеност за настап на пазар за креативни претприемачи и креативно уметничко занаетчиство да стекнат нови вештини за истажување на пазарот, развивање на нови производи кои се бараат на пазарот, нивна поуспешна продажба и техники за успешно преговарање.