Во моментот 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странски медицински центри и сите се во стабилна состојба, информираа на денешната прес конференција заменик министерот Јовица Андовски, директорот на ФЗО, Сашо Клековски и директорката на Клиника за пластична хирургија, д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска.
Тим експерти од Велика Британија во соработка со Британската амбасада спроведоа интензивни обуки за физикална и психолошка рехабилитација на 45 здравствени работници, од кои 10 се од болницата во Кочани. Целта е да обезбедиме најдобра можна нега и рехабилитација за повредените, информираше Андовски.
Согласно решение од Министерството, посочија дека во следните три дена тим од специјалисти од универзитетските клиники ќе вршат прегледи во кочанската болница и евалуација на пациентите вратени од странство и третирани во нашите болници.
OhridNews