Здравствените домови во земјава имаат уште две недели да поднесат барање за обновување и продолжување на дозволата за работа во мрежа или надвор од мрежа, согласно Законот за здравствената заштита.
Од Министерството за здравство за „Алсат“ изјавија дека до сега се регистрирале само 700 од вкупно 4000 приватни и 114 јавни здравствени установи.
Ресорниот министер посочи дека доколку здравствените установи не ги запазат роковите, нема да може да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување за наредната година и по ќе излезат од мрежата на здравствени установи.
Инаку, сите здравствени установи до Министерството за здравство потребно е да достават : Барање за обновување и продолжување на дозволата за работа во мрежа или надвор од неа; Довола за работа на здравствена установа издадена од Министерство за здравство – копија; Тековна состојба од Централен Регистар; Листа на опрема која се користи во здравствената установа; Имотен лист на објектот на здравствената установа не постар од 15 дена – (за објектите кои се наоѓаат во Здравствените домови имотниот лист не е потребно да се доставува), Скица на просторот на здравствената установа (исцртан простор со назначување на квадратурата на секој дел посебно), Договор за плаќање на здравствените услуги со ФЗОМ за оние здравствени установи кои работат во мрежа.
OhridNews