Во ОСУ „Свети Климент Охридски“ за гимназиско образование од пријавени 15 полуматуранти примени се 11. За вториот уписен рок (во текот на месец Август) останаа вкупно 37 слободни места.За економската струка односно економски техничар, од пријавените 30 примени се 22 ученици. За вториот уписен рок останаа слободни уште 31 место. За медицинската паралелка од пријавени 3 ученици, се запишал 1. За во вториот уписен рок останаа слободни уште 20 места.

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во второто пријавување во првиот уписен рок, за четиригодишното образование се запишаа 21 ученик. За вториот уписен рок останаа слободни вкупно 31 место. Сличен е исходот и за тригодишното образование, каде се примени сите 15 пријавени. Слободни места во вториот уписен рок за струките со тригодишно образование има уште за вкупно 142 ученици.

Во второто пријавување во првиот уписен рок најмногу ученици се запишаа  за четиригодишното образование во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Од 107-те пријавени запишани се вкупно 105 ученици. Во овој средношколски образовен центар останаа и најмногу слободни места за вториот уписен рок: вкупно 231 од кои 163 за образование на македонски јазик, а 68 на албански наставен јазик.
За тригодишното образование во ОЕМУЦ немаше пријавени ученици во второто пријавување во првиот уписен рок. За овој профил во вториот уписен рок слободни ќе се 24 места.

Ohridnews