Од1-ви јули 2012 година, Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија ќе применува  нови референтни цени за лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, усогласени со цените на лековите во регионот и новите единствени одобрени цени на лекови во Македонија и без дополнителни финансиски импликации за осигурениците.

Ова вчера на прес-конференција во Скопје  го истакна директорот на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкова. Таа појасни дека  со третата ревизија се обезбедуваат 54 нови лекови кои порано имале, а сега немаат доплата со што се стигнала бројка од  382 лека без доплата.

– Дваесет лека помалку имаат доплата од 50 до 100 денари, од 100 до 500 денари сто лека имаат намалена доплата, намалување за 11 лека за доплата има од 500 до 1.000 денари, а намалување за 13 лека за доплата од 1.000 до 2.000 денари. Остануваат само четири лека со ваква доплата. Нема лекови со доплата од две до три илјади денари, а порано имаше. Еден лек останува, а претходно биле 13 кои имале доплата над 3.000 денари, посочи Парнарџиева Земјкова.

Таа нагласи  дека лековите без доплата растат, а оние со доплата значително се намалуваат, и тоа не како бројка туку и како скали на доплата.

– Бројни произовдители кога видоа како нивните конкурентни ги намалиле цените на лековите, ни најавија дека сега веќе комуницираат со своите централи и ги прават анализите и тие уште да ги намалат цените. Тоа значи дека овој бран ќе предизвика уште неколку подобрување во некои сегменти во некои генерики, рече Парнарџиева Змејкова и додаде дека овие цени се намалени од аспект на Фондот, а не од аспект на осигурениците.

OhridNews