Уште четири дена до уникатниот музички настан „Вино и Џез“ со охридскиот музички бисер, светски познатиот џез и фанк изведувач Владимир Четкар и неговиот извонреден бенд составен од врвни музички уметници.
Осмото издание ќе се одржи на 29 јули, сабота во прекрасниот амбиент на „Monastery winery“ во Опеница.
Овој уникатен музички настан доаѓа во период кога Охрид е бомбардиран со разно разна понуда која во голема мера се граничи со добриот вкус. Причина повеќе да се „избега“ во природа и да се поддржат вистинските културни вредности.
Со нетрпение ве очекуваме на 29 јули, сабота, на еден од најубавите музички настани во Македонија и пошироко. – порача во видео порака до фановите Владимир Четкар.
Цена на карта за екслузивниот концерт на Владимир Четкар „Вино и Џез“ е 1000 денари. Вратите се отвараат во 18:00, а концерот почнува во 20:00. Посетителите ги очекува гратис чаша вино по избор.
Винаријата „Monastery Winery“ се наоѓа во село Опеница, на 10 километри од Охрид.
OhridNews











