По синоќешниот пожар на улицата „Бистрица“, охридските пожарникари и денес со полни раце работа.

Како што информираат од охридската Противпожарна служба, попладнево во 14 часот и 10 минути било пријавено опожарување на куќа на улица „Марко Цепенков“, во населбата Видобишта. По брзата интервенција на осум пожарникари со две возила, пожарот бил изгаснат.

Првичните информации говорат дека причина за пожарот бил запален ЛЦД телевизор, по што дошло до опожарување и на покуќнината во собата во која се наоѓал телевизорот.

Пред неполн час, пожарникарите, за кратко време успеаја да локализираат и изгаснат уште еден пожар кој избил во населбата Воска, кај Старата дрвара, при што изгорела сува трева.   

OhridNews