Аргентинецот Анхел Ди Марија е најскапиот фудбалер кој настапувал во Премиерлигата. Тој денес го комплетираше трансферот од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед вреден 59,7 милиони фунти (околу75 милиони евра),  со што го собори англискиот трансфер рекорд. Претходно, Челзи на Ливерпул, за трансферот на Фернандо Торес му плати 50 милиони фунти (63 милиони евра).

Покрај милионскиот договор Ди Марија доби дополнителен товар на својот грб откако ја доби “седумката“ во Манчестер Јунајтед. Број што го носеле клупските легенди како Џорџ Бест, Брајан Робсон, Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо.

ohridnews