Над 5 000 спогодби потпишале корисниците во првите 20 дена од кампањата на ЕВН „Избриши го долгот“,.  Граѓаните  имаа можност во јуни да потпишат спогодби со кои долгот за струја може да го платат на 6 рати за домаќинствата, односно 4 за бизнис корисниците.  Оваа поволност завршува на 1 јули, од кога домаќинставата на 4 рати, а бизнис корисниците на 2 рати ќе може да го избришат долгот.

-Кампањата нуди поволност да се плати долгот во целост или на една рата со што се бришат сите камати за задоцнето плаќање како и судските, нотарските и трошоците за извршителите. Воедно се запира и целата судска постапка, информираат од ЕВН. 

Паралелно со кампањата за расчистување со долговите се спроведуваат и исклучувањата  на корисниците кои го пречекориле рокот за плаќање на сметките и оние кои на нелегален начин ја користат електричната енергија.

-Масовните исклучувања на должниците за струја и крадците  низ целава земја не престануваат. Само во мај поради долг биле исклучени 52 000 корисници, во првата половина на јуни 44 000.  Ова значи дека во еден месец поради долг или кражби се исклучува секое 15 броило.  Онаму каде се наидува на отпор при исклучувањата обезбедена е интервенција од полицијата. Се почесто се применува и законски предвидената мерка одземање на броилото и приклучокот на корисниците кои што ги повториле кривичните дела неовластено користење на електрична енегија или самоволно приклучување. И во текот на целото лето масовните исклучувања на должниците ќе продолжат, најавуваат од ЕВН.

OhridNews