Повеќе инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир регистрирала охридската полиција изминатото деноноќие.
Родител денеска пријавил дека неговиот малолетен син физички бил нападнат на улицата „Марко Цепенков од 44-годишен охриѓанец и се здобил со телесни повреди.
Против напаѓачот ќе биде поднесена пријава, најави СВР Охрид.

Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за патничко возило „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 23-годишно лице од струшкото село Враништа. Интервенирала Територијалната против-пожарна единица од Охрид која го локализирала и целосно го изгаснала пожарот.
Вчера, пак, во 18.45 часот, на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир. Како што информира полицијата, 83-годишен охриѓанец физички нападнал 39-годишна сограѓанка. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
OhridNews











