Со кампањата “Победи го долгот“, ЕВН Македонија на своите корисници им нуди можност преку низа поволности да ги платат сите отворени долгови кон компанијата. Домаќинствата на 9 рати, а бизнис корисниците на 5 рати ќе може да ги платат тековните долгови за потрошена електрична енергија, тужените побарувања, дополнителните фактури, како и веќе пресметаната камата за задоцнето плаќање на редовните и тужените побарувања.
Со склучување на договор за плаќање на рати или во целост, корисниците се ослободуваат од плаќање на каматите кои дополнително би се пресметале по основ на задоцнето плаќање. Доколку пак корисникот го плати севкупниот долг со склучување на спогодба на една рата, ќе биде ослободен од плаќање на сите камати и на оние што би произлегле од предметниот долг, и од предходно задолжените камати, информираат од ЕВН.