
Субрата Рој е основач и сопственик на компанијата „Сахара Индија Паривар“ и се смета за еден од највлијателните луѓе во Индија.
Тој ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и членовите на владиниот економски тим, а ќе посети и повеќе локации за кои бил заинтересиран да инвестира. Индискиот мултимилијардер голем интерес покажал за земјоделството, образованието и туризмот.
Богатството на Субатра се проценува на околу 65 милијарди долари.












