49-годишно лице од село Волино вчера се удавилo во водите на Охридско Езеро во близина на Струга, информираат од СВР Охрид.
Во 16:30 минути во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно машко тело. По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за 49-годишно лице од селото Волино, општина Дебрца кај кого, екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
OhridNews