Изгледа дека овие денови убавиците на Викторија Сикрет имаат многу работа. Имено, по Кендис Свонпул и Марин Линчук, овој пат една преубава бразилка го одработила својот дел од едиторијалот за новата линија костими за капење на познатиот бренд.
Доколку претходно не сте ја виделе, станува збор за неодоливата Грејси Карваљо, манекенка која има 22 години и која уживала во сончевите денови и топлото море на Карипските Острови. Црномурестата манекенка која ги покажала своите долги нозе, моментално живее и работи во Њујорк. Работела на бројни ревии на познати дизајнери, и гледајќи ја слободно можеме да кажеме дека едвај чекаме од Викторија Сикрет да ни претстават уште некој од ангелите.