Лидерот во шампионатот Вардар со чисти 4-0 го совлада Охрид на мечот од вондредното 25 коло.

“Црвено-црните“ не чекаа многу и уште во 30 секунда од мечот стигнаа до предност со голот на Иваноски.

Овој резултат беше актуелен се до 70 минута кога истиот фудбалер го зголеми водството на 2-0.

Огобона погоди за 3-0, а својот хет-трик Иваноски го комплетираше во 84 минута.

Охрид по овој пораз останува во “бараж“ зоната, а во наредното  в недела го очекува “да се биде или не“ меч на домашен терен против Напредок.

М.П.