Охриѓани, вчера, по шести пат излегоа на приотести што ги организира граѓанското движење „Протестирам“.

Учесниците на мирниoт протет, кој и овој пат започна од плоштадот кај Чинарот, ги повторија познатите барања: оставка на Претседателот на Републиката поради одлуката за аболиција, отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори. 

Протести синоќа имаше во повеќе градови на Македонија.

OhridNews