Од МВР информираат за уште една сообраќајна незгода што вчера се случила во 11.50 часот на крстосницата од улиците „Гоце Делчев“ и „Шар Планина“ во Охрид, а во која тешко е повреден возач на мопед.
Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило „фолксваген џета“, управувано од 56-годишен охриѓанец, со живеалиште во САД и мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 29-годишно лице од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мопедистот кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews












