Меѓу бројните успешни проекти кои ги реализира општинскиот Црвен крст, со цел да им се помогне на граѓаните на кои им е потребна помош, е и Програмата за стари лица.Започна да се спроведува на крајот на минатата година и првичните резултатите се повеќе од позитивни,велат од Црвен крст.
Волонтери од Црвен крст изработуваат подароци за старите лица
– Оваа програма е поделена во три фази.Првата вклучува јавување на нашите волонтери- пензионери на нивни врсници кои се осамени и на кои им треба разговор,внимание,имаат потреба да ја отворат душата. Им се јавуваат два до три пати во неделата, во зависност кога тие лица имаат потреба и сакаат да се слушнат со нашите волонтери.Од она што досега можевме да го видиме старите лица се среќни и со нетрпение чекаат да дојде часот кога е закажан терминот за јавување,вели претседателот на општинскиот Црвен крст,Сашо Точков.
Втора фаза од програмата опфаќа посета на старите лица во нивните домови,како и организирање на прошетки и екскурзии,по што ќе следи реализација и на следната фаза кога во просториите на Црвен крст ќе има катче во кое старите лица ќе можат да се дружат и ја изразат својата креативност.
Т.К.