Утрово на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид слета првиот авион од Амстердам на Arke Fly -Tui airlines на светски познатиот тур-оператор TUI. Во соработка со македонските агенции „Каратанова турс“ и „Генерал турист“ преку TUI ова лето во Охрид ќе одмараат голем број туристи од земјите на Бенелукс.


Првата група со 180 туристи рано утрово слета на охридскиот аеродром каде им беше приредено топло добредојде. Холандските туристи ќе бидат сместени во хотелите Белви, Гранит, Инекс, Милениум Палас, Тино, Ривиера, Дрим и Макпетрол, како и во Вила Александар, каде веќе се извршени голем број резервации.

Ана Чукалевска, менаџер во „Генерал турист Охрид“, изјави дека овој
чартер-лет на релација Амстердам-Охрид ќе се реализира двапати седмично,
со едно слетување на аеродромот во Скопје. Според неа, чартер-летот ќе
се реализира до октомври, но оти во тек се и преговори таков лет да се
реализира и во зимскиот период.


Топло добредојде на холандските туристи на охридскиот аеродром


OhridNews