Територијалната професионална противпожарна единица од Охрид, денеска имаше уште една интервенција. Пожарникарите вечерва гаснеа запален оџак од семејна куќа на пресекот од улицата „Абас Емин“ со ул.„Охридска бригада“. Пожарот го забележал соседот кој веднаш ја алармирал противпожарната служба, која интервенираше со едно возило.
Попладнево охридските пожарникари гаснеа пожар кој избувна во полето во населбата „Радојца Новичиќ“. И овој пожар навреме беше локализиран.
OhridNews












