Седум дена остануваат до завршување на ликовниот и литературен конкурс на тема „Есенските градини со златни бои грст плодови ставаат во дланките твои“, што го распиша Општина Охрид. Овој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на општината, а по повод одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента, 23-ти септември. Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.

Доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата на конкурсот.

Истите треба да бидат поезија или проза на зададена тема предмет на овој конкурс. Ликовните дела треба да се цртежи или предмети изработени од рециклажен материјал (колаж, акварел, предмети и украси од пластика и хартија …..) Учесниците на конкурсот се појавуваат под шифра. Право на учество имаат оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси.

Изборот на најдобрите ликовни и литературни творби ќе го изврши жири комисијата за оценување на трудот составена од три члена.

Прво наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 7000 денари еднократно, второ наградените добиваат по 5000 и трето наградените по 3000 денари.

Доставување на трудовите:

Секој учесник својот труд треба да го достави во стандардна хартиена форма во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај“, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот со назнака „по конкурс за избор на ликовен и литературен труд“. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот .Во затворениот плик треба да има уште два затворени запечатени плика , од кои едниот со ознака„ вид на творба- ликовен или литературен труд“под шифра и го содржи трудот , а другиот со ознака „податоци“ и истиот содржи податоци за идентификацијата на испраќачот:

(име и презиме на ученикот, возраст, адреса на ученикот, името на училиштето, адреса на училиштето и името и презимето на наставникот- менторот)

Адресата на која треба да се достават трудовите е:

ОПШТИНА ОХРИД
Ул. „Димитар Влахов“ бр 57, 6000 Охрид
Со назнака за „за Конкурсот за најдобар ликовен и литературен труд“
Или лично во архивата на Општина Охрид

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. 046/262 492, локал 147 секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот или во просториите на Општина Охрид.

Рок на доставување на пријавите

Пријавите по наведениот конкурс да се достават најдоцна до 30.09.2019год. до 12 часот, во архивата на Општина Охрид

Пријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани

OhridNews