На кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“, утре, сабота 2- ри март, ќе се прикажува шведскиот филм “Девојката со тетоважа на змеј”, кој охриѓани имаа можност да го проследат од 26 до 28- ми февруари.

Почеток на проекцијата е во 20, часот, влез 100 денари.

Филмот „Девојката со тетоважа на змеј“  е направен врз првата книга од трилогијата „МИЛЕНИУМ“ на прерано починатиот шведски новинар и писател Стиг Ларсон.

Во центарот на дејствието е еден необичен истражувачки (детективски) пар – Микаил Блумквист и Лизбет Саландер.
Овој детективски трилер со елементи на мистерија, веќе 42 недели беше  на врвот на НењЅорк Тимес Бестселерс листата.

OhridNews