Седумдсет и шестгоишна туристка од Македонија се удави во морето кај гратчето Мораитика на грчкиот остров Крф, јавува државната агенција „МИА“, повикувајќи се на потврда од Канцеларијата за врски на Република Македонија во Грција. Во тек е постапка за пренесување на телото во земјава.

Онлајн изданието на „Имерсија“ пренесува дека жената која била на одмор на Крф отишла да плива веднач по „обилен“ оброк, пишува „МИА“. Откако била извадена од морето веднаш била пренесена во општата болница во Крф каде била констатирана смрт.

OhridNews