Пациентката била хоспитализирана на 11 февруари во тешка општа состојба поради потешкотии кои започнале една недела пред прием со болки во грлото, изнемоштеност, покачена телесна температура и потешкотии во дишењето, поради што веднаш била поставена на механичка вентилација и отпочнат е третман со потребната антибиотска и антивирусна терапија.
На 18.02.2013г. следела стабилизација на респираторната функција и виталните параметри по што била поставена на кислородна подршка, но и покрај преземените мерки за интензивно лекување, во текот на ноќта состојбата се влошила и констатирана е смрт.
Кај починатата пациентка, како и кај претходно починатите со лабораториска потврда за грип се регистрирани потешки хронични заболувања, што придонело за дополнително влошување на нивната здравствена состојба. Оваа е петта жртва на грипот од типот А.
Makfaks