Од Клиниката за инфективни болести информираат дека во петокот починал 80-годишен пациент од Скопје, кај кој е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца A/H1/N1, пренесува „Макфакс“.

Пациентот еден ден бил хоспитализиран на Инфективната клиника со тешка билатерална пневмонија, хронична срцева слабост, како и претходно прележан миокарден инфаркт и мозочен удар. И покрај спроведената антивирусна терапија и напорите на лекарите, пациентот починал.

На клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 100 пациенти со симптоми и клиничка слика на грип, од кои 6 лица се лекуваат на одделението за интензивна нега.

OhridNews
извор:„Макфакс“