Случајот бил пријавен во полиција попладнево. Степан заедно со сопругата ноќеска на минус 12 степени тргнале со запрежна кола и магаре да и однесат храна на стоката. Но, на Степан му се слошило и паднал.
Ова е втора жртва на студот во прилепско, откако шеесет и тригодишен прилепчанец почина во мариовското село Бешишете, како последица од премрзнување.
Македонија и целиот регион ја зафати студен бран и големи снежни врнежи, а темратурите се спуштија и до минус 20 степени.
извор: „Макфакс“