Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од село Мал Папрадник, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, против 51-годишно лице од село Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „несовесно работење во службата“ и против 23-годишен житеч на Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување и уништување деловни книги”.

Првопријавениот, како референт во ЈП „Македонски Шуми”-МШ Стогово, му овозможил на второпријавениот неовластено да обележи 24 метри кубни бука, по што третопријавениот, како управител на приватна фирма, и покрај тоа што знаел дека наведената количина на дрва е незаконски обележана, издал испратница за транспорт.

OhridNews