Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ секторот за внатрешни работи Охрид, против 37-годишел жител на Охрид поднесе кривична пријава.

На втори Мај оваа година, околу 01 часот и 30 минути, пријавениот со тврд метален предмет му нанел повеќе удари по главата на 25-годишен жител од охридското село Лешани. Настанот се случил при нивна случајна средба на паркинг простор во центарот на градот при што настанала вербална расправија, која прераснала во тепачка во која.

Пријавениот и нападнатиот се лица познати сторители на повеќе казнени дела против кои и досега биле поднесенувани кривични и прекршочни пријави, соопшти СВР Охрид.

OhridNews