Уште неколку дена остануваат до Зимската бајка со безвременските музички рефрени и најкреативниот хумор што ќе се случи овој петок во Центарот за култура „Григор Прличев во Охрид. 

Најдобрата предновогодишна забава во Охрид ќе биде зачинета со музчка магија која ја подготвуваат Емилија Маринова – вокал и пијано, Јован Куциноски – вокал, Горан Папаз – саксофон, Филип Стојковски Зизи – тапани, Јане Тодороски – бас и Јован Бочвароски – гитара. За атмосферата да биде на потребното ниво ќе се погрижи најдобриот македонски стендап комичар Никола Тодороски кој ќе се претстави со нов материјал екслузивно подготвен за оваа прилика. Двочасовното претпразнично уживање ќе биде надополнето со визуелни ефекти, бајковито декорирана сцена и беспрекорен звук на „Labino Sound“. Покровител на настанот е винаријата „Тиквеш“.

Влезниците за „Зимската бајка“ веќе се пуштени во претпродажбапо по цена од 250 денари за партер и балкон во „Топ Тобако“ градски плоштад, „Топ маркет“ – Чинар, трафика „Фибос“, мјузик шоп „Зи Зи Топ“ и во Центарот за култура „Григор Прличев“. Цената на влезниците на денот на настанот ќе изнесува 300 денари. Покрај регуларните влезници може да се резервираат и Вип влезници со претходна најава на: [email protected].

Голем дел од влезниците се веќе продадени, а местата за забавниот настан на годината во Охрид се ограничени, затоа навреме резервирајте си седиште за најубавата „Зимска бајка“. 

OhridNews