Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги потсети работодавачите дека имаат уште седум дена за исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15.
Правото на регрес за годишен одмор е во висина од најмалку 40 проценти од основицата, односно најмалку 10.962,00 денари, а потсетуваме дека Општиот колективен договор согласно член 2,се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор и согласно истиот нема исклучоци односно Општиот колективен договор задолжително се применува за сите субјекти во приватниот сектор, се наведува во соопштението.

Апелираме работниците да не дозволат, онаму каде што нема формирано синдикат, работодавачите да ги убедуваат користејќи го институтот претставник на работниците, и да вршат притисок, работник да потпише некаков документ за намалување на правата на неговите колешки и колеги работници поради тоа што согласно пријавите до ССМ ова најмногу се злоупотребува од страна на работодаваачите на штета на рабониците и намалување на нивните работнички права, а одговорноста за таквата злоупотреба е како на работодавачот, така и на работникот, нагласуваат од ССМ.
OhridNews












