За претстојните „26th annual Chlotrudis Awards“ филмот „Медена земја“ е номиниран во три категории: за најдобар документарен филм, за најдобра монтажа – Атанас Георгиев и за најдобра камера – Фејми Даут и Самир Љума.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 22 ри март во Бостон. Признанијата ги доделува организацијата за независни филмови, „Клотрудис“ за особени достигнувања во светската кинематографија.

Деновиве „Медена земја“ доби уште една номинација за исклучително достигнување во кинематографијата. IMAGO – Интернационалата федерација на кинематографери во категоријата најдобар документарен филм ги номинираше Самир Љума и Фејми Даут. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 14 ти март во Брисел.

OhridNews